Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на булеварот „Македонија“ – првата подземна сообраќајница во Скопје

05/03/2026  13:34

Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град. Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, што претставува огромен чекот кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто, доаѓа, изјави градоначалникот.