Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски и Улусој: Соработка за подобрување на локалните заедници

02/06/2025  15:39

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа средба меѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој. На средбата присуствуваше и пратеничката Иванка Василевска.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој разговараа за можностите за соработка како на локално ниво, во рамки на Општина Кисела Вода, така и на пошироко ниво преку Заедницата на единици на локална самоуправа – ЗЕЛС.

„Со амбасадорот Улусој ја отворивме можноста за продлабочување на односите преку конкретна соработка на локално ниво. Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија, а ваквите средби се одлична можност да се иницираат проекти што ќе донесат конкретни придобивки за заедниците. Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.