Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски и Трајановски на средба, заедно кон нов сјај на Скопје

12/08/2025  13:32

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари пријателска средба со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Ѓорѓиевски го опиша Трајановски како „градител со визија и љубов кон градот“ кој оставил силен печат во историјата на главниот град.

„Во секој негов совет и разговор се чувствува искуството, мудроста и искрената желба Скопје да биде убаво, достоинствено и полно со живот. Нашиот град заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа. Заедно, со многу труд и упорност, ќе го направиме тоа реалност,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека најдоброто за Скопје допрва доаѓа, најавувајќи идни проекти и активности насочени кон развојот и унапредувањето на градот.