Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Фестивалот „EXIT“ од следната година доаѓа во Скопје

08/09/2025  15:37

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Убеден сум дека бренд како ‘EXIT’ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го градот на мапата на топ дестинации за огромен број туристи. Нашите граѓани го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓорѓиевски.

Со ова Скопје ќе стане дел од семејството на големи европски градови каде „EXIT“ се одржува, што се очекува да донесе силен културен и туристички импулс.