
По повод денешниот голем христијански празник Божик, упати честитка и градоначалникот на Скопје. Ѓорѓиевски нагласи дека празникот не собира околу највредното, семејството.
-Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија. Божиќ е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта. Ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака, истакна Ѓорѓиевски во честитката.
Тој присуствуваше на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
-Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството. Посакувам во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет. Нека секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и вера во подобро утре. Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг. Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки. Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца, посака Ѓорѓиевски.

