Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Целосна дигитализација и нов изглед на училиштата во Кисела Вода

14/08/2025  16:51

Основните училишта во Кисела Вода се подготвени да ги пречекаат учениците на почетокот на новата учебна година со подобрени услови за работа и учење. Во ООУ „Круме Кепески“ се изведуваат значајни градежни зафати со цел да се унапреди образовниот процес, информираше денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

„Влезот е уреден со павер елементи, а дворот доби нова урбана опрема. Освежени се и реконструирани 7.500 квадратни метри ѕидови во десет училници и ходници. Набавени се нови клупи и столчиња, а во тек е замената на стариот под со нов PVC. Поправена е и фасадата, која претходно беше оштетена од несовесни граѓани,“ изјави Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи.

Тој додаде дека во изминатите четири години е направен значаен напредок – од стари и руинирани училници до нови, проширени и модернизирани училишта. „Целосно го дигитализиравме наставниот процес и создадовме современи услови за учење. Сите училишта добија фотоволтаици, сите наставници компјутери, а за секое прваче обезбедивме ранче и за сите ученици униформи,“ нагласи градоначалникот.