Skip to main content
Економија

Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор

06/12/2025  15:28

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на северна Македониja г-дин Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија г-дин Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ г-дин Горан Ѓорѓиевски, информира денеска Сојузот на стопански комори во соопштение.  

Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој  во одредени економски гранки бележи стагнација.

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата  на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада.