Skip to main content
Македонија

Ѓорѓи Крстевски е новиот градоначалник на Росоман

02/11/2025  20:47

Кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, е новиот градоначалник на општина Росоман.

Според резултатите од вториот круг на локалните избори, Крстевски освои 1.305 гласови, односно 49,68%, додека неговиот противкандидат Стојан Николов од коалицијата предводена од СДСМ доби 1.231 глас или 46,86% од поддршката на граѓаните.

Изборната трка во Росоман беше исклучително тесна, но резултатите покажуваат дека довербата на граѓаните за следниот мандат ја добива Крстевски.