Skip to main content
Македонија

Горештините се враќаат – Утре до 36 степени

06/08/2025  20:08

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе се искачи до 36-от степен.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.