Skip to main content
Спорт

Ѓорческа го загуби четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

10/04/2026  17:32

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид (награден фонд 100.000 евра) откако денеска во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата.

Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4:0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде контролата над играта и резултатот и сетот го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет Италијанката поведе со 4:1 во гемови, а со вториот брејк во сетот го доби со 6:2 во гемови.

Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Порторож.