Skip to main content
Хроника

“Голф” управуван од 72-годишник излета од пат во скопско

04/04/2025  11:54

Две лица се повредени откако „голф“ излета од пат.

– На 03.04.2025 околу 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково-с.Гумалево патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(72) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(68) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.