Skip to main content
Хроника

„Голф“ целосно изгоре на скопска улица, зафатени уште две возила

15/07/2025  15:05

Рано изутринава се запали возило во Скопје.

Како што информираа од полицијата, денеска во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје.

Возилото е целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Т.(55) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.