Skip to main content
Скопје

Голема сообраќајна несреќа на булеварот „Илинденска“ – Настана сообраќаен хаос

28/03/2025  13:23

Голема сообраќајна несреќа се случила на булеварот „Илинденска“ во Скопје, во близина на средното училиште „Орце Николов“.

Поради инцидентот, сообраќајот на оваа фреквентна улица е значително отежнат. Според информациите на Канал 5, возилата во правец кон Центар се принудени да се движат само по една лента, бидејќи дел од булеварот е привремено затворен.

Надлежните служби се на терен, а повеќе детали за причините и последиците од несреќата се очекуваат во текот на денот. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност при движење низ овој дел од градот.