Skip to main content
Хроника

Голема акција во Скопје: Полицијата заплени марихуана, вага и илјадници евра!

11/11/2025  21:34

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска (11.11.2025) уапсиле лице од Скопје поради поседување и трговија со наркотични средства.

Според информациите, на улицата „Христо Татарчев“ полициски службеници извршиле легитимирање и преглед на лицето С.М. од Скопје, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари.

При дополнителен преглед на патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на осомничениот, била пронајдена поголема количина марихуана.

По добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојувал С.М., при што во подрумска просторија од станот полицијата пронашла голема количина на марихуана и две дигитални ваги.

Осомничениот е лишен од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против С.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Полицијата продолжува со активности за расветлување на случајот и утврдување на можни соучесници во нелегалната трговија со дрога.