Skip to main content
Спорт

Голем скандал во Шпанија – Голманка тајно ги снимала соиграчките под туш

28/12/2024  23:50

Шокантен скандал ја потресе шпанската спортска јавност – голманката на хокеарската екипа Сан Жорди Десвалес од Жирона е уапсена поради тајно снимање на своите соиграчи во соблекувалната и под туш.

Случајот доби дополнителна тежина бидејќи дел од снимените девојки наводно се малолетни. Проблемот бил пријавен во декември од страна на нејзините соиграчки, кои забележале сомнително однесување – голманката често го вртила телефонот кон нив за време на пресоблекувањето.

Полицијата испратила тајна агентка во соблекувалната, која ја фатила на дело 33-годишната голманка, потврдувајќи ги сомнежите. Во телефонот биле пронајдени снимки од соблекувалната, што доведе до нејзино веднашно апсење.

Клубот Сан Жорди веднаш излезе со соопштение во кое инцидентот беше осуден како неприфатлив и најави целосна соработка со полицијата и обвинителството. За случајот извести и шпанскиот весник „Марка“.