Skip to main content
Балкан

Голем пожар во Загреб – горат автомобилски гуми

04/11/2025  13:42

Голем пожар избувна во магацинот за гуми на компанијата „Пневматик“ во Света Недела крај Загреб, денеска околу 11 часот, а голем облак од црн чад што може да се види од голема далечина.

Пожарот избувна на улицата „Д-р Фрањо Туѓман“. Пожарот го гаснат пожарникари од Света Недела, а поради обемот на пожарот, повикани се и други противпожарни служби, објави „Светонеделски лист“.

Голем и густ столб од црн чад е видлив и од сите делови на градот, Самобор и западниот дел на Загреб.

Локалната противпожарна служба сè уште нема официјални информации за обемот на пожарот или кога би можел да биде ставен под контрола, но видео од Радио Света Недела ги прикажува пожарникарите на местото на настанот.

Сообраќајот на улицата „Фрањо Туѓман’ е пренасочен кон автопатот, додава локалниот медиум.

Од противпожарната служба ги повикуваат граѓаните превентивно да ги затворат прозорците