Skip to main content
Македонија

Голем пожар во Штип 

07/03/2026  14:29

Голем пожар денеска избувна во околината на Штип. Огнот зафати помошни објекти и вегетација. Имаше обиди да се евакуира добитокот кој бил загрозен од пламенот.

На објавените видео-снимки се гледа како мештаните и сопствениците, во паника и под густ чад, панично ги извлекуваат козите и јарињата од зафатените штали за да ги спасат од сигурна смрт.

Екипите на Територијалната противпожарна единица од Штип веднаш излегле на терен за да го локализираат огнот и да спречат негово дополнително ширење кон станбени објекти. Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.