
Силен пожар попладнево го зафати населеното место Мршевци, општина Илинден.

Пожарот во овој момент не може да се гасне од воздух со авиони или хеликоптери, поради силниот ветер.
Според информациите од терен во пожарот ја зафатил и селската црква, а мештаните се организираат и се обидуваат да ја спасат.
Сепак, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека се ангажирани повеќе ресурси за гаснење на огнот кој претходно ја зафати и црквата во Мршевци.