Skip to main content
Македонија

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

15/08/2025  15:45

Директорот Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце. Поради густиот чад, моментално е невозможна воздушната интервенција.

Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.

Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.