Skip to main content
Македонија

Голем пожар во Берово – сите пожарникари и шумска служба на терен, апел за помош од граѓаните

05/09/2025  22:47

Голем пожар вечерва беснее во беровскиот регион. Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, сите пожарникари се на терен заедно со екипите од Шумската служба Малешево од Берово и Пехчево.

Огнот брзо се шири кон Градишчето и Трсавица, а поради густата брица која го опкружува регионот, постои опасност од сериозни последици доколку не се стави под контрола во најкус можен рок.

„Сите граѓани кои можат да помогнат, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот заедно со пожарникарите и да придонесат за спречување на ширењето на огнот“, се наведува во апелот на Пекевски.

Пожарот во Берово е единствениот активен од вкупно 12 кои биле регистрирани денеска на територијата на државата заклучно со 21 часот, според податоците од Центарот за управување со кризи.

ЛИНК до видео