Skip to main content
Македонија

Голем пожар крај Црна Река во Битола

20/03/2025  21:58

Големо стрниште гори во близина на Црна Река, а пламените јазици се видливи дури и од Битола. Пожарот се проширил и на трската и вегетацијата покрај реката, што го прави уште потешко за гаснење.

MK Summit

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола се на терен и работат на локализирање на огнот.

„Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека засега нема опасност по населени места.

Пожарникарите прават напори да го стават пожарот под контрола и да спречат негово натамошно ширење.