Skip to main content
Свет

Голем пад на цените на нафтата по одлуката за примирје со Иран

08/04/2026  08:19

Синоќешниот договор за двонеделно примирје меѓу САД и Иран, ја турна цената на суровата нафта на помалку од 100 долари за барел.

Утрово барел сурова нафта од типот Брент се продава за 93,85 долари, што е пад за 14% во однос на вчера кога цената се движеше околу 108 долари за барел.

Пад има и цената на WTI нафтата од 15,24% во однос на вчерашниот ден.

Сепак, останува да се види дали Ормутскиот теснец ќе стане целосно функционален во следните денови, по што може да се очекува дополнителен пад на цените и стабилизација на пазарите.