
Без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини утре поради планирани технички интервенции во електросистемот.
Во периодот од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во населбата Булачани, поточно околу бројот 7.
Подолг прекин е најавен во општина Аеродром, каде од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат куќите на улицата „Тодор Чангов“ со броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица.
Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, со прекин ќе се соочат дел од жителите на улицата „Франц Розман“.
Истовремено, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, планиран е прекин за корисниците од селата Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.

