
Голем дел од Нови Сад е без вода, пишува 021.rs. Според граѓаните, вода нема во центарот, во Подбара, во Телеп, Адице, Сателит, Детелинарa, Роткварија, дел од Лиман, Банатиќ, Грбавица, во Кисач, Футог, во Ветерник…
ЈКП „Водовод и канализација“ соопшти дека поради прекин на електричната енергија во Фабриката за вода, дошло до прекин во испораката на вода, додава 021.
„Екипи од ЕПС се на терен и работат на санирање на дефектот. Се надеваме дека проблемот ќе биде брзо решен“, велат од компанијата „Водовод и канализација“.

