Skip to main content
Спорт

Ѓоковиќ го победи Зверев и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

05/06/2025  08:37

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доцна синоќа го победи Германецот Александар Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4.

Натпреварот траеше 3 часа и 20 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше шест пати асови и и реализира 4 од 8 брејк топки. Неговиот противник имаше 4 асови, 1 двојна грешка и 1 конвертирана брејк топка (од 3).

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.

Другото полуфинале го сочинуваат Мусети (Италија) и Алкараз (Шпанија).

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 56,4 милиони евра.