
На 22 август 2025 година, во 22:55 часот, во СВР Скопје, 41-годишниот М.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 18:40 часот, на подрачјето на општина Аеродром, бил нападнат од три лица.
Според пријавата, непознатите напаѓачи со употреба на сила го внеле во казино, каде што физички го нападнале.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.