Skip to main content
Хроника

Го убил татко му па лажел дека паднал во бањата, уапсен млад гостиварец

31/03/2026  09:54

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство”.

Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син.

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби.

Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.