Skip to main content
Хроника

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош

13/10/2025  09:58

Скопјанец бил нападнат од три лица на паркинг во скопски Карпош. Завршил со оштетен автомобил.

– На 11.10.2025 во 11:32 часот во СВР Скопје, Л.А.(58) од Скопје пријави дека на 04.10.2025 околу 21:30 часот на паркинг просторот на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица, од кои едниот му го оштетил патничкото возило, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.