
Денеска започнува судскиот процес за трагедијата во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, каде што на 16 март 2025 година во катастрофален пожар загинаа 63 лица, меѓу кои и шест деца. Обвинетите утрово беа донесени под засилена полициска придружба, додека сведоците кои треба да дадат клучни искази за околностите пред и за време на пожарот веќе се најавени од судските служби
Атмосферата во судницата е напната, а јавноста покажува огромен интерес за процесот кој се смета за еден од најважните и најследените во поновата македонска историја. Според судски извори, денешното рочиште ќе биде посветено на воведните излагања и утврдување на процесните детали, по што ќе започне сослушувањето на првите сведоци.
Судењето во живо можете да го гледате во продолжение:

