
Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани.
Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун.
Како што понатаму се наведува, Горан пред два дена бил повторно опериран, а според последните изјави на лекарот неговата здравствена состојба се подобрува.
Инаку, Тонев е гитарски музичар кој дипломирал на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кого јавноста го памети по настапите во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во родниот Штип со песната „Моја и твој“.
Инаку, тој стана познат во поширокиот дел од регионот по учеството на Звезде Гранда во 2021 година, каде беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.