
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373 890 денари или околу 6000 евра.


