Skip to main content
Хроника

Гевгелија завиена во црно: Младо момче пронајдено мртво, беше син на познат уметник

29/05/2025  16:24

Починa мадиот 38 годишен гевгеличанец Сотир Хаџи-Николов.

Сотир Хаџи-Николов е пронајден вчера претпладне починат во неговиот дом. За неговата смрт денеска се огласи и МВР со извештај од полицискиот дневник, во кој е наведено следново.

На 28.05.2025 во 11:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека во семејна куќа во Гевгелија е пронајден починат С.Х.Н.(38) од Гевгелија. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Сотир потекнува од уметничко семејство. Тој е син на познатиот гевгелиски уметник Драги Хаџи-Николов, некогашен Претседател на Советот на општина Гевгелија и поранешен професор по уметност во СОУ „Ј.Јосифовски“.

Негова тетка е Гордана Хаџи-Николова, познат уметник вајар од Гевгелија која исто така почина млада.

Сотир имаше широки погледи на светот со слободата на својот уметнички ген кој го обликуваше во мир и пацифизам. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Беше член на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, и на културниот центар „Мултимедија“. Учествуваше на домашни и меѓународни изложби и ликовни симпозиуми, претставувајќи ги своите дела како во Македонија, така и во Бугарија, Турција, Грузија, …. зошто уметноста нема граници на творње, ширење и разбирање меѓу народите.

Погребот на Сотир ќе се одржу утре во 13 часот на градските гробишта во Гевгелија, а посмртниот одор за опрост од сите роднини и пријатели ќе биде изложен во Градската капела од 12:00 часот.

Нека почива во мир. (gevgelijanet.com)