Skip to main content
Економија

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

20/01/2026  20:38

Германските компании се многу повнимателни кога станува збор за инвестирање во САД бидејќи нивните директни инвестиции во првата година од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп се речиси преполовени, се нагласува во студијата на Германскиот економски институт (IW).

Од февруари до ноември 2025 година, германските директни инвестиции во САД се намалиле за 45 проценти, на околу 10,2 милијарди евра, според истражувањето засновано на податоци од Бундесбанк.

Во истиот период минатата година, инвестициите изнесувале речиси 19 милијарди евра.