Skip to main content
Свет

Германскиот министер евакуиран во бункер

10/03/2026  18:14

Јохан Вадефул, германскиот министер за надворешни работи, денеска беше засолнат во бункер на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив. Инцидентот се случи во моментите кога тој се подготвуваше да ја напушти земјата по ненајавената дипломатска посета.

Вадефул е првиот европски шеф на дипломатијата кој допатува во Израел по ескалацијата на војната со Иран на 28 февруари. За време на престојот, тој во Ерусалим оствари средба со својот израелски колега, Гидеон Сар.

Сирените за воздушна опасност се огласиле токму кога министерот веќе бил качен во воениот авион за заминување. Поради новиот ирански ракетен напад, тој и неговата делегација веднаш биле евакуирани во безбедносен бункер.

„Овде сè е во ред!“ – изјавил тој.

Посетата на германскиот министер вклучуваше и обиколка на градот Беит Шемеш, каде што двајцата министри ги видоа последиците од претходните напади. Само неколку часа по нивното заминување, овој град повторно беше погоден од остатоци од ракети.

Од почетокот на воените дејствија и американско-израелската офанзива против Иран, во Израел се потврдени 13 смртни случаи како директна последица на иранските напади.