Skip to main content
Спорт

Германија со убедлива победа против Португалија се пласира во четврфиналето на Евробаскетот

06/09/2025  16:31

Репрезентацијата на Германија попладнево ја совлада Португалија со резултат 85:58 и со тоа се пласира во четврфиналето на Европското првенство во кошарка.

Иако победата на крајот беше убелива, португалските кошаркари три четвртини беа рамноправен противник на актуелниот светски шампион, но во последните 10 минути дадоа само седум поени, а Германците постигнаа дури 33.

Шредер и Вагнер со по 16 поени беа најефикасни кај Германците, додеа во Португалија наефикасен беше играчот на Бостон Селтикс, Куета со 18 поени.

Германија во четвртфиналето ќе го чека победник од мечот Италија – Словенија кој на програмата е утре од 17.30 часот.