Skip to main content
Свет

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

05/11/2025  10:19

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска Министерството за внатрешни работи.

Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги.

-Ќе одговориме со полна сила на законот на секој што агресивно повикува на калифат на нашите улици, поттикнува омраза кон државата Израел и Евреите на неподнослив начин и ги презира правата на жените и малцинствата, рече министерот за внатрешни работи Александар Добринт.