Skip to main content
Спорт

Германија е првиот финалист на ЕП во кошарка

12/09/2025  19:02

Актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Германија, е првата селекција финалесто на Европското првенство во кошарка.

Германија попладнево, во првото полуфинале ја победи Финска со резултат 98:86 (30: 26, 31:21, 20:26, 17:13).

Германија која беше убедлив фаворит на мечот не дозволи изненадување, имаше контрола над резултатот во текот на скоро целиот натпревар и заслужено победи.

Во финалето, Германија ќе го чека победникот од мечот Грција – Турција кој се изгра вечерва од 20.00 часот.