Skip to main content
Хроника

Германец фатен со дрога на Табановце

04/11/2025  17:33

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.Р.Л.(70) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– На 19.10.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во кампер „фиат“, со кој допатувал пријавениот, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од полицијата.