Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Засадени нови дрвја во Капиштец, инвестираме во здравјето на центарци и во животната средина

06/04/2025  09:41

Екипите на Општина Центар вчера засадија нови дрвја на две локации во населбата Капиштец, на ул. Адам Мицкиевиќ и на ул. Васил Ѓоргов.

Станува збор за дрвја од видот лагистремија индика (индиски јоргован) – декоративен грм со естетски ефект; компресус (зимзелени) – растенија кои ќе обезбедат зеленило и во зимските месеци; елеагнус – вид на маслинка кој со своите лисја создава ефект на жива ограда, како и јавори – листопадни дрвја кои ќе ја збогатат природната средина и ќе ги подобрат визуелните аспекти на урбаниот простор.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека со оваа активност општината се грижи за здравјето на центарци и животната средина.

„Со садење дрвја во централното градско подрачје ја подобруваме животната средина и квалитетот на животот на центарци. Дрвјата го подобруваат квалитетот на воздухот, се апсорбираат штетните гасови и се намалува загадувањето на воздухот. Изминатава недела садевме садници на повеќе локации низ општината, нашата цел е да создадеме зелени и одржливи урбани простори, кои ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани”, вели Герасимовски.

Општина Центар продолжува со имплементација на проекти кои ќе ја збогатат зелена површина на територијата на општината, како и со активностите за подигнување на свеста за значењето на зеленилото во урбаните средини.