
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е акцијата за собирање кабаст отпад на територија на Општина Центар. На три локации, на улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, поставени се контејнери за одлагање кабаст отпад. Дополнително, секој жител на Општина Центар може да пријави дива депонија на телефонските броеви: 02/3203-693 и 076/350-767.
„Со оваа акција, продолжуваме да се грижиме за чистотата на нашата општина, ги охрабруваме граѓаните да учествуваат во одржувањето на урбаниот ред. Со поставување на контејнери за кабаст отпад и можноста за пријавување на диви депонии, овозможуваме чиста и здрава животна средина за сите центарци. Апелирам до сите да ја искористиме оваа можност и да помогнеме во заедничкото чување на Центар”, вели Герасимовски.