Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Од 142 вработени во општина, 88 се жени, родовата еднаквост е реалност

08/03/2025  09:54

Градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март информира дека во Општина Центар родовата рамноправност е реалност.

“Во Центар, жените се мнозинство. Од 142 вработени, 88 се жени. 21 жена е на раководна позиција од вкупно 34 сектори и одделенија, а претседател на Совет на Општина Центар е жена”, рече Герасимовски.  

Герасимовски посочи дека има седум директорки од вкупно 8 основни училишта во Центар.

“Од 473 вработени во училиштата, дури 87% се жени. А во сите три градинки раководат жени. Во Центар, родовата рамноправност е реалност. Заедно можеме да направиме сѐ! Среќен 8 Март!”, порача Герасимовски. 

Видео: https://fb.watch/ybKKpETDKB/