Културната манифестација „Вечер под ѕвездите”, синоќа привлече голем број посетители, улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации – од најмали до највозрасни кои се забавуваа заедно. Музичката група „Нокаут” и диџеј Александар Јорданов, приредија незаборавна предновогодишна журка исполнета со многу позитивна енергија, пеење и танцување.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува огромна благодарност до граѓаните кои вчеравечер беа дел од предновогодишната магија кадешто сите во еден ритам и глас, здружени уживаа во познатите македонски хитови „Временска машина”, „Фатална опсесија”, „Самовила”, „1000 причини за крај”, „Лебедот бел”, „Телефонскиот број не постои” и многу други.
„Беше навистина прекрасно да се види толку многу луѓе на Боемска кои се веселеа на добра македонска музика и во претпразнична атмосфера. Со овој настан ја потврдивме нашата цел – да создадеме поврзаност и да донесеме радост во Центар, во Скопје. На Скопје дефинитивно му се потребни повеќе манифестации. Продолжуваме и во иднина да организираме вакви концерти кои ќе го размрдаат градот и ќе создадат простор за забава, креативност и дружење на сите генерации. Се заблагодарувам на граѓаните кои синоќа беа дел од „Вечер под ѕвездите” и им посакувам среќни и новогодишни празници. Се гледаме повторно на концерт!”, истакнува Герасимовски.