Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар, работиме и викендов

01/02/2025  14:20

Општина Центар информира дека се мијат уличките позади трговскиот центар Буњаковец, се мие плочникот и се чистат клупите во Градски ѕид кај Полициската станица Беко со цел подигнување на хигиената во централното градско подрачје. Покрај тоа, во близина на Европски Универзитет поставена е дрвена платформа за седење на една од бетонските клупи т.н сепариња.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека општинските служби интензивно работат и за време на викендот со цел обезбедување на што поголема хигиена.

„Во викендите, Центар е една од најпосетените скопски општини од страна на младите и возрасните. Не смееме да дозволиме општината да изгледа валкано, со смет, со нечисти улици и клупи. Голем број граѓани гравитираат низ општината, мораме да бидеме пример за чистота. Упатувам апел до граѓаните да се грижиме за околината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто има надлежност”, порачува Герасимовски.