Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

06/01/2025  14:11

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како  симбол на празникот и духовната сплотеност.

„Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со радост, мир и благосостојба. Да го споделиме духот на солидарноста и да покажеме грижа за оние на кои им е најпотребна”, истакна Герасимовски во обраќањето до граѓаните.

Тој воедно ја нагласи важноста од зачувување на традицијата, како темел на единството и меѓусебната почит, особено за младите генерации.

Во духот на православието, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ја освети бадникарската погача, а празнични честитики до присутните упатија овогодинешниот кум, Радомир Макеларски, и здравичарот Атанас Петров.