Skip to main content
Скопје

Герасимовски: 1 Мај нè потсетува на важните вредности – трудот, солидарноста и социјалната правда

01/05/2025  09:39

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот, упати честитка до граѓаните, потенцирајќи ја важноста на трудот како темел на општеството и човечките вложувања во поттик за социјална правда.

MK Summit

„Општеството е онолку силно колку што се почитувани и вреднувани работниците кои го сочинуваат неговото јадро. Наша должност е да продолжиме да се грижиме за социјална правда, солидарност и еднакви можности за сите, заедно градејќи достоинствено утре. Денеска оддаваме почит на трудот и напорот што секојдневно го вложуваат работниците во Општина Центар. Нивната посветеност, одговорност и професионалност се темелот врз кој ја градиме поуслужна, поефикасна и поодговорна локална самоуправа. Благодарност до сите ангажирани што со својот труд придонесуваат Центар да биде подобро место за живеење”, истакна Герасимовски

Тој додаде дека 1 Мај е симбол на борбата за работнички права, за фер услови и достоинствен живот за сите, но и потсетник дека заеднички сме обврзани да го негуваме трудот како двигател на секое општество.