Skip to main content
Магазин

Георгина рече „Да“ – Роналдо конечно ја запроси

11/08/2025  22:42

По девет години љубовна врска, португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез конечно го направија големиот чекор – парот се сврши и подготвува свадба.

Веста ја потврди самата Георгина (31) преку објава на Instagram, каде што сподели фотографија на која нејзината рака, украсена со голем и блескав веренички прстен, е поставена врз раката на Роналдо (40). Во описот напиша емотивна порака: „Да, прифаќам. Во овој и во сите мои животи.“

Двојката е заедно од 2016 година, а Роналдо во неколку наврати во минатото истакнуваше дека е „1000 отсто сигурен“ дека ќе ја ожени Георгина, но досега одложуваше.

Шпекулации за свршувачката се појавија уште во април, кога Георгина објави фотографија со друг прстен, но сега, со официјалната потврда, љубовната приказна на еден од најпознатите парови во светот на спортот и гламурот добива ново поглавје.