
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, утрово го започна денот со пешачење низ Градскиот парк, во придружба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Добро утро, Скопје! Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост!“, порача Ѓеорѓиевски.
Со оваа порака тој го истакна значењето на здравите навики и времето поминато во природа, кои, според него, се вистински начин за подобар и посреќен почеток на денот.