
Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.

Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.
Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.
Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.