Skip to main content
Македонија

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

10/08/2025  19:20

Генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ денеска се обрати на социјалните мрежи со коментар по денешното пукање среде бел ден во Тетово.

„Новиот моден тренд последнава година за на улица е панцир, кацига и малку среќа. Останатото е за оние што сакаат да живеат опасно! Тошковски уште не поднесе оставка?“ пишува Димитријевиќ.

Денеска Тетово беше потресено од вооружен инцидент во кој животот го загуби едно лица, а четворица случајни минувачи се ранети и се пренесени на клиниките.