
Марк Руте генералниот секретар на НАТО испрати силна порака до Украина за време на неговата посета во Киев. Тој вели дека е уверен дека сојузниците ќе ги обезбедат потребните 15,5 милијарди долари за програмата PURL, преку која Украина набавува софистицирано оружје од САД.
„Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, истакна Руте. Сепак, тој отворено го посочи проблемот со „нееднаквата распределба на товарот“ меѓу членките на Алијансата, признавајќи дека не е нормално некои земји да прават многу, а неколку да не прават ништо. Во моментов, две третини од сојузниците учествуваат во оваа програма, која е витална за украинската одбрана.

